- Заклучувањето е укинато во регионални делови од Нов Јужен Велс
- Полицијата треба да спречи неовластено патување во регионална Викторија
- Територијата на главниот град на Австралија, ја промени апликацијата за пријавување Check In CBR
- Квинсленд забележа еден нов, локално-стекнат случај
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.405 нови, локално-стекнати случаи, како и пет смртни случаи.
Премиерката Гладис Береџиклијан, ги објави слободите за граѓаните, од понеделник, откако Нов Јужен Велс ќе ја надмине целта за двојна вакцинација од 70 проценти. Тие ќе се однесуваат на возрасните, кои ги примиле двете дози од вакцината против КОВИД-19.
Правилото за престој дома повеќе нема да важи, а до пет посетители ќе бидат дозволени во дом, каде што сите возрасни се вакцинирани. Угостителски места, продавници за малопродажба, спортски објекти и лични услуги, како што се фризери и салони за нокти, повторно ќе се отворат, со правилото едно лице на простор од 4 квадратни метри.
Од 11 септември, заклучувањето ќе заврши за делови од регионалниот Нов Јужен Велс, кои регистрираа не регистрираа нови случаи, во текот на најмалку 14 дена.
Викторија
Викторија забележа 324 нови, локално-стекнати случаи, од кои 107 поврзани со познати епидемии.
Полицијата на Викторија ќе го зголеми своето присуство, за да ги спречи жителите од Мелбурн да се упатат низ државата, откако регионалните области ќе се ослободат од заклучувањето, на 9 септември.
Казните за прекршување на правилата и за обид за неовластено патување во регионалните области, може да достигнат до $ 5,500.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 15 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку осум во заедницата додека биле заразени.
Најновото ажурирање на апликацијата Check In CBR app овозможува да се испраќаат известувања до оние што се пријавиле за присутни на локација на изложеност на вирусот. Исто така, картичка со QR-код е достапна за секој што нема т.н паметен телефон.
Кликнете овде за да резервирате термин за вакцинација.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.